Колку и да е непријатна и незгодна дискусијата, постои еден збор што ќе ви помогне да ги решите несогласувањата, а со тоа да спречите раскинување.
„Кога кажувате нешто што не сте сакале, само кажете „Упс“ или нешто слично за да спречите понатамошни дискусии“ – тврди брачниот советник Хал Рункел и истакнува дека, за жал, ретки се партнерите кои имаат отворена и искрена врска.
„Изгледа смешно, но тој израз може толку многу да се промени и да го натера вашиот партнер да сфати дека ненамерно сте му направиле нешто. Пробајте го и тргнете по нов пат, покажете дека сте ранливи, дека грешите, но и дека сакате да ги исправите грешките“ – објасни советникот.