
Ќерката на Мадона најмногу го привлекува вниманието на јавноста со своето однесување, со своите ставови и со модните комбинации.
24-годишната Лурдес Леон, своето време го поминува на егзотичен одмор во Мексико, а градот Тулум во моментов е дестинацијата која славните ја обожаваат!
Лурдес беше фотографирана од страна на папараци додека се забавуваше на плажата, во друштво на нејзиното момче Џонатан, а заљубените не ги тргнаа рацете еден од друг, па разменуваа нежности и воопшто не им беше грижа за фотографите и за погледите на луѓето околу нив.
Ќерката на Мадона беше облечена во многу оскудно бикини, па не е ни чудо што сите погледни беа вперени во неа:
Интересно е тоа што, иако тие се заедно веќе четири години, Мадона наводно сè уште има потреба да се меша во нивната врска и е многу загрижена за Лурдес.
Лурдес е, инаку, најстарото дете на Мадона, а привлекува големо внимание во јавноста со своите модни комбинации, појавувањето во алкохолизирана состојба, но и со ставовите, како што е, на пример, залагањето за недепилирање.



