Едноставен рецепт за вкусен десерт: Домашно тоблероне на кое нема да му одолеете!

28 декември, 2021
75

Со млечна чколада, со бела чоколада, со црна, тоблеронето е најубаво кога е домашно – се приготвува брзо и секогаш ви е на дофат, ако ви остане, се разбира.

Желбата токму за тоблероне е различна од обична желба за нешто слатко. Затоа научете да си го приготвите дома. Не бара многу време за подготовка, само треба убаво да се стврдне.

Состојки:

  • 200 г мелени бисквити
  • 150 г путер
  • 200 г шеќер
  • 200 г чоколада
  • 100 мл вода
  • 150 г лешници
  • 2 лажици мед
  • малку кока кола

За глазурата:

  • 200 г чоколада
  • 3 лажици масло или коцка путер

Начин на подготовка:

Во мало тенџере ставете го путерот да се растопи, па додадете ги чоколадата и шеќерот. Ако е густо, додадете малку кока кола. Лешниците исечкајте ги на ситно па додадете ги во смесата. Медот и мелените бисквити додадете ги исто така и измешајте.

Во зависност од големината на плехот, калапот кој би требало да биде триаголен, смесата поделете ја на два дела, а ако е калапот поголем може и еден. Важно е да го обложите претходно со самолеплива фолија. Сипете ја смесата и оставете да се лади во фрижидер. Најдобро би било да ја оставите да стои и цела ноќ, за убаво да се соедини и излади.

По вадењето од фрижидерот и прелејте го тоблеронето од чоколада, која ќе ја приготвите на тој начин што чоколадата ќе ја растопите на коцка путер или малку масло. Повторно вратете го тоблеронето во фрижидер, да се здрви чоколадата. Потоа извадете го колачот и исечкајте го на тенки парченца.