Каде е линијарот кога е најпотребен?
Загатката објавена од „Светла страна“ на Фејсбук вчера „скара“ илјадници луѓе кои не можеа да се договорат колку квадрати гледаат на фотографијата.
Под фотографијата имаше повеќе од 5.000 коментари, понудените одговори беа навистина секакви, а некои отидоа дотаму што земаа линијар во раце.
И додека некои забележаа дека за неоспорно точен одговор, треба да имате точни димензии на страните, имајќи предвид дека квадратот ги има сите четири еднакви, за разлика од правоаголниците, други напишаа дека поделбата не додава квадрати заради една милиметарска разлика. Некои претпоставуваат дека „квадратот“ од прашањето над илустрацијата исто така може да се изброи.
Точниот одговор е 3 квадрати.