Најважно е да бидете искрени со себе
Во секоја врска има момент кога треба да застанете и да си го поставите прашањето: Што понатаму?
Кога ве занесуваат емоциите, понекогаш е тешко да одлучите дали вашиот партнер е „вистинскиот“ или само еден од мажите што ќе поминат низ вашиот живот.
Експертот за врски Јана Хокинг тврди дека има докажан начин да ја тестирате иднината на врската.
– После некое време во врската, тоа е обично период од најмалку три месеци, добро ги разгледувам мажите со кои сум во врска и се замислувам на својата венчавка да одам кон него – вели Јана и продолжува:
– Се прашувам, ако дојдам на нашата венчавка и го видам како ме чека, дали ќе заблескам и ќе бидам презаситена од возбуда … И дали ќе се запрашам: По ѓаволите, колку среќа имав што најдов вакво момче.
– Или ќе си речам: Па, добро, тој изгледа како добра личност и ќе имам пристоен живот со него, па ајде да го сториме ова – објаснува Холинг и напоменува дека ако ја одберете првата опција, треба да останете со вашето момче, но ако ја изберете втората, време е да раскинете.
– Втората опција не ви нуди незаборавна љубов, таа ви нуди безбедна љубов. И, се прашувате дали ова е навистина она што го сакате – заклучи Јана Хокинг.