Бракот е сексистичка патријархална конструкција која многу им користи на мажите и ги става жените во неповолна положба, е нејзината дефиниција за брачна заедница.
Секс експертот Надија Бокоди на својот Инстаграм профил објасни зошто смета дека жените треба да избегнуваат да се мажат.
„Бракот е сексистичка патријархална конструкција која многу им користи на мажите и ги става жените во неповолна положба“, напиша таа, додавајќи:
“Оженетите мажи заработуваат повеќе и живеат подолго како резултат на неплатена семејна работа што жените треба да ја вршат за нив. Немажените жени живеат подолго, заработуваат повеќе и се посреќни. Истражувањата понатаму покажуваат дека колку е поголем коефициентот на интелигенција кај мажите, толку е поголема веројатноста тие да бидат оженети, а за жените е спротивно“, објасни таа.
Таа додаде дека очекува мажите сега да ја нападнат во коментарите и да ја наречат „,мажомрзец“, но и дека останува верна на своето мислење.
„Веројатно е само целосна случајност, но сегашните податоци покажуваат дека повеќе од 70% од разводите се иницирани од жени“, рече на крајот Бакоди.
Дали се согласувате со нејзиното мислење или мислите дека е спротивно?