Една од главните причини е помалото производство на колаген
Честопати ни се чини дека природата се погрижила за сè – познато е дека жените живеат подолго од мажите, но, од друга страна, многумина мислат дека дамите стареат побрзо од посилниот пол.
А научниците наведуваат неколку логични причини за ова.
Жените повеќе страдаат од стрес
Жените се повеќе склони кон ментални нарушувања, особено ако се поврзани со работата, според д-р Џудит Моринг. Покрај тоа, хормоналната разлика е она што објаснува сè. Флуктуациите на хормоните се поврзани со депресија. Исто така, сезонското афективно нарушување повеќе ги погодува жените отколку мажите, а постојаниот стрес неизбежно води до порано стареење.
Жените кои родиле стареат побрзо
Американска студија организирана на универзитетот Џорџ Мејсон докажа дека жените изгледаат 11 години постари поради бременост. Жените кои родиле имаат пократки теломери (ситни парчиња генетски материјал што се наоѓаат на краевите на хромозомите) отколку оние што не родиле.
Колку се пократки теломерите, толку постаро изгледате. Покрај тоа, стресот за време на бременоста не е невообичаен, што исто така го забрзува процесот на стареење.
Машката кожа е подебела
Според дерматолозите, машката кожа е подебела за 25 проценти од женската. Процентот може да варира од човек до човек, но просекот останува. Сепак, иако мажите имаат помалку брчки, оние што ги имаат се подлабоки од женските.
Нивото на тестостерон е различно
Високото ниво на тестостерон го забавува стареењето. Иако естрогенот служи и како хормон против стареење, неговото производство опаѓа побрзо од производството на тестостерон.
Менопаузата исто така игра важна улога
Губењето на хормоните за време на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените поминуваат низ менопауза, нивните тела престануваат да произведуваат колаген како порано. Ова предизвикува губење на еластичноста на кожата.