Експертите советуваат: Направете го ова и заштедете пари брзо и лесно!

popara18 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-18 135204

Финансиските експерти велат дека не ви се потребни драстични мерки и жртви за да заштедите некој денар. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа

Дали им се восхитувате или ги презирате луѓето што организирано го следат секој потрошен денар, подготвуваат план и буџет за секој месец на нивниот компјутер? Ако последното нешто што сакате е да потрошите многу време за планирање, пресметување и подготвување на домашниот буџет, пробајте некои поедноставни методи кои ќе ви помогнат да заштедите.

Онлајн шопинг

За почеток, конечно отворете ја таа сметка на „PayPal“ преку која купувањето преку Интернет ќе биде многу олеснето и барајте работи што се на намаление. Верувајте ни, одредени работи (облека, електроника, играчки) ќе излезат поевтино со целата поштарина ако купувате преку Интернет отколку во локалните продавници. Само осигурајте се дека нарачувате од оние кои имаат бројни продажби и добри коментари зад себе.

Тегла за ситни пари

Можеби звучи бесмислено, но полека забораваме дека и монетите се пари и имаат своја вредност. Еден начин да заштедите пари е да ги извадите монетите од вашиот паричник секој ден кога ќе се вратите дома од работа и ќе ги чувате во тегла за штедење. Не би поверувале колку парички може да се соберат на овој начин.

Ризикувајте

Ако мислите дека давате се од себе на работа, се повеќе секој ден, осмелете се и конечно побарајте го тоа покачување. Кажете му на вашиот шеф аргументи зошто мислите дека треба да имате поголема плата, бидете сигурни и учтиви. Ако успеете, веднаш тргнете дел од покачувањето на страна за „црни денови“.

Помош од банката

Ако штедите за нова кола или компјутер за да се спречите да потрошите повеќе пари на нови чевли, посоветувајте се со вашиот банкар. Информирајте се дали постои опција директно од платата да ви се трга одредена сума која ќе ја заштедите.

Најдете хонорарна работа

Доколку никако не успевате да заштедите од платата можеби би било добро да пронајдете хонорарна работа, ќе одите неколку пати неделно, а заработката ќе ја ставате на страна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma