Елегантен сјаен фустан, V деколте и заводлив шлиц: Кајли Миног покажа како треба да изгледа самоуверена жена

popara10 октомври, 20212min0
329288_profimedia0637281451_ff

Иако влезе во шестата деценија од животот, поп иконата воодушевува со нејзиниот изглед, енергија и став што не можат да се купат.

Нежна, талентирана, елегантна, непобедлива, се ова се синоними за музичката sвезда Кајли Миног, која со своите безвременски песни го врежа своето име меѓу истакнати уметници од светски ранг.

Австралиската убавица, каде и да се појави, воодушевува со своите модни избори кои совршено одговараат на нејзиниот кревок сензибилитет. Таа секогаш се стреми кон префинет стил, ефективна оригиналност и елеганција, без да брза во нови модни трендови.

На снимањето на славното шоу, Кајли доби неколку комплименти на сметка на долгиот, црн фустан со сребрен сјај што остави шик впечаток, а V-деколтето и суптилниот шлиц беа полн погодок.

Пејачката се одлучи за минимална шминка и природни локни по кои е препознатлива со години.

Како додатоци, таа избра сребрени нараквици кои не го расипаа целокупниот впечаток, а наместо салонки што многу дами би ги избрале со оваа креација, Кајли облече црни сандали.

Да се потсетиме, поп -sвездата беше во емотивна врска со избраникот Оливер Мартинез повеќе од една деценија, а пред четири години тие наводно ја обновија својата романса.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma