Ќерката на пејачката двојка Миле Китиќ и Марта Савиќ, младата пејачка Елена Китиќ е многу активна на социјалните мрежи, претежно на Инстаграм, каде што секојдневно споделува свои фотографии.
Овој пат беше фотографирана во посмело издание. Имено, Елена позираше во кратка, тигареста бунда, која и го откри стомакот, со очила за сонце.
Ова издание на Елена предизвика вистински бум на социјалните мрежи, а под нејзиниот пост брзо почнаа да се следат пофални коментари: „Ти си навистина кралица“, „Бомба“, „Убава и згодна девојка“.
Инаку, неодамна во медиумите се појави информација дека нејзините родители Миле и Марта се разведуваат, што Савиќ наскоро негираше. Таа исто така ја сподели нивната семејна фотографија за време на празниците, и покажа како уживаат на собирот.
– Навикната сум, не знам ни на кој начин ме разведуваат. Соседите можат да кажат што сакаат, јас не се дружам со нив, немам комуникација, тие не живеат со мене за да знаат што се случува во мојот живот и брак. Точно е дека тие не ме виделе од март, но се вратив во Белград во август. Убаво се одморив и сега сум тука. Со Миле и ќерка ми, и не се разведувам- изјави пејачката.