Пејачката Елена Ристеска со сигурност може да се стави на листата на една на најпознати личности барем кога станува збор за естрадата и за музичката сцена.
Зад себе, Ристеска може да се пофали со успешна кариера и многубројни хитови.
Меѓутоа, пејачката пред некое време започна нов бизнис кој нема врска со пеењето, па музиката ја стави во втор план.
Имено, таа го започна бизнисот „ЕRA cosmetics“, козметичка линија за парфеми, гелови за туширање….
Пејачката, а сега и бизнис дамата последниот период е посветена токму на својата нова работа, професија, занимање, бизнис, но како што истакна во една прилика нема да го запостави пеењето.
Изгледа сега Елена која е препознатлива по бројни хитови и се враќа на старата и доживотна љубов – пеењето.
Имено, кон крајот 2015 година Елена Ристеска го издаде својот трет албум насловен „Без шминка“. Отогаш пејачката сними неколку песни, но не објави целосен музички проект.
Сепак, сега изгледа пејачката се враќа на својата, стара, доживотна љубов.
Таа на својот Инстаграм објави фотографија од промоција на албумот „Без шминка“, па ги праша нејзините следбеници што мислат дали е време за нов музички проект.
„Пред 5 години беше промоцијата на мојот албум “Без шминка” , дали мислите дека е време за нов албум? “, праша Ристеска.
Нејзините следбеници дадоа потврден одговор односно дека мислат дека е време да сними нов албум и да се врати на музичката сцена.
Инаку, Елена неодамна имаше и настап пред публиката во Битола.
Што подготвува македонското девојче останува да видиме, а секако како и досега да објавиме и промовираме кога ќе има ново музичко парче.