Елена Ристеска во 2016 година го загуби нејзиниот татко кој почина од лошата болест.
Загубата на еден родител, колку и да си возрасен секогаш е тешка и остава празнина, па колку и да поминало време, болката не поминува.
Елена често се потсетува на нејзиниот татко потенцирајќи дека многу му недостига.
Така беше и овојпат кога пејачката му посвети емотивна порака по повод неговиот 70ти роденден.
На својот „Инстаграм“ таа објави фотографија на која е заедно со своето семејство, а во описот напиша емотивна порака за нејзиниот починат татко:
„Секој 14ти ми е се’ потешко , иако мислев дека време лечи се’, не е вистина. Само се зголемува болката поради твоето отсуство. Секој момент те мислам. Секој ден се прашувам зошто баш ти? Зошто најдобрите души порано си заминуваат? Бог го има одговорот, јас само знам дека никогаш ништо во мојот живот не е веќе исто без тебе. Ни радост, ни тага. Ни успех, ни пораз. Бескрајно ми фалиш тато, ќе славевме твој 70ти роденден денес.“, напиша пејачката.
Елена во една прилика изјави дека татко и бил најголемата поддршка во нејзиниот живот и истакна кој негов совет ќе го памети за цел живот.
„Ахххх… неговите совети не беа за ова денешно турбулентно време. Тој беше најдобриот човек на планетата. Ми велеше: „Елена, ако те удрат по образ, сврти им го и другиот”. Затоа станав човек кој седи и чека да го удираат сите нешта и луѓе, скандали, непријатели и не преземам ништо по тоа прашање, само си ја чекам правдата од Бога. Татко ми им имаше помогнато на милион луѓе, но и на таквите кои не заслужиле. Се сеќавам дека на еден професор, кој му бил ноќна мора во средно училиште, му го вработи синот по многу години, но и никогаш не му кажал дека трпел неправда токму од него, додека бил во средно училиште, едноставно, му помогнал. Имам чувство дека таков човек нема да се роди повторно.“ изјави Ристеска во една прилика.
Преземено од vistina.com.mk