Поради корона пандемијата и новиот начин на живот со мерките за заштита, настаните и свеченостите беа ретки, а сега речиси и воопшто ги нема.
И додека на повеќето свечената гардероба ни виси на закачалки, за ТВ водителката Елена Стефановска секогаш има повод да се изгледа одлично и да се износат таквите парчиња.
На последната нејзина објава на Инсатграм се гледа дека била на некаков настан каде според наредените столчиња јасно е дека се почитувал протокол за заштита, а пак Елена блескаше во полн сјај.
Таа се појавила во свилена тоалета со асиметрично длабоко деклте кое го нагласи сексапилот, а пак свилената текстира и впечатлива боја природесоа за дополнителна маркантност.
За ова модно издание водителката собра стотици лајкови и коменатари дека изгледа перфектно.
Особено изборот на моделот им се допдна на дамите кои не се воздражаа за убав збор.
Инаку, за Елена Стефановска секој ден е создаден за да се изгледа тип-топ од глава до пети, а тоа да се документира и објави на Инсатргам.
Преземено од vistina.com.mk