- Водителката на емисијата со неколкугодишен стаж „Живот со стил“, Елена Стефановска живее таков живот.
Иако во нејзината емисија интервјуираше бројни познати личности кои знаат да проговарат како за професионалниот, така и за приватниот живот, Стефановска многу ретко или речиси никогаш не сме ја виделе во улога на гостин каде ќе раскаже детали за својот живот.
Сепак, тука се социјалните мрежи кои во последно време се почест извор на информации, па прво ќе дознаеме од нив.
Стефановска не го експонира премногу својот приватен живот, а во 2019 изненади конечено на Инстаграм обелодени дека е во врска со бизнисменот Бојан Најдоски.
Отогаш заљубената водителка ужива во секој момент поминат со својот партнер, во нивните заеднички ручеци, вечери, егзотични патувања, одмори, заеднички прослави, родендени.
Елена и Бојан деновиве имаа убав повод за славење. Имено, двојката прослави годишнина од нивната врска.
По тој повод, тие има организирана романтична вечера покрај Охридското езеро.
Водителката на својот Инстграм се пофали со атмосферата, односно прво сподели заедничка фотографија, а во описот напиша:
„Секогаш ќе те сакам со целото мое срце. Среќна годишнина, љубов моја“.
А тука е заедничката фотографија покрај масата додека вечераат што од вкусната храна и уживаат во друштвото еден на друг.
Под објавата на водителката се нижеа бројни честитки, а меѓу нив и од нејзините колешки, пријателки, Соња Тарчуловска, Вера Мештеровиќ.
Черститки.
Преземено од vistina.com.mk