Актерката и модел Елизабет Харли објави гола фотографија на Инстаграм. Позираше топлес и ги покри градите со кимоно. Покрај тоа, таа го носеше само долниот дел од костимот за капење.
Таа повторно ја заскокотка фантазијата на многу фанови.
„Убава си“, „Гориш“, „Изгледаш како божица“, „Треба да бидеш забранета“- се само дел од коментарите што се редат под објавената фотографија.
Елизабет често позира во вакви изданија, а најчести се фотографиите во костими за капење. Таа неодамна објасни дека фотографиите во костими за капење ги објавува со цел да ја рекламира нејзината модна линија.
,,Имам своја линија костими за капење. Јас инаку не би парадирала толку многу во костим за капење, затоа има причина да го сторам тоа” – објасни таа.