Елтон Џон тргнува на проштална турнеја: Избра 30 нови датуми во текот на наредната година

popara29 јуни, 20211min0
elton-john-1-830x0 (1)

Британската музичка sвезда Елтон Џон (74) избра 30 нови датуми во текот на следната година, кога ќе настапи во Европа и Северна Америка, како дел од големата проштална турнеја што беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

Пред сето тоа, Елтон Џон ќе настапи на Берси, кој сега се вика Акор Арена, на 10, 12 и 13 октомври оваа година, на три распродадени концерти кои беа планирани за октомври минатата година.

Продолжението на турнејата ќе започне во мај 2022 година во Франкфурт, а ќе заврши шест месеци подоцна во Лос Анџелес.

Пејачот, можеби најпознат во пошироката јавност со песната „Candle in the Wind“, ќе настапи на 11 јуни 2022 година во Париз, во Ла Дефенс Арената, на последниот концерт во Франција, објави неговата продукциска куќа, пренесуваат британските медиуми .

Седумдесет и четиригодишниот пејач започна проштална турнеја наречена „Farewell Yellow Brick Road“ во 2018 година, предвидувајќи повеќе од 300 концерти низ целиот свет за три години, јави Танјуг.

По европската и северноамериканската турнеја, во почетокот на 2023 година се планирани уште четири концерти во Австралија и Нов Зеланд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma