Одлуката е донесена врз основа на преглед на повеќе од 300 случаи на воспаление на градниот кош и срцето меѓу повеќе од 190 милиони дози дадени на пациенти во Европа.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека нејзиниот стручен комитет утврдил дека вакцините против ковид-19 произведени од „Фајзер“ и „Модерна“ најверојатно се поврзани со многу ретки случаи на болка во градите и воспаление на срцето кај некои луѓе по вакцинацијата. Американски здравствени власти исто така дојдоа до овој заклучок во јуни.
ЕМА препорача миокардитис и перикардитис да бидат наведени како несакани ефекти на етикетите на вакцините и пациентите и давателите на здравствени услуги да бидат предупредени за овие можни ефекти.
Одлуката е донесена врз основа на преглед на повеќе од 300 случаи на воспаление на градниот кош и срцето меѓу повеќе од 190 милиони дози дадени на пациенти во Европа.
Здравствените власти соопштија дека придобивките од вакцините против коронавирусот се многу поголеми од малите ризици од несакани ефекти.
ЕМА исто така препорача луѓето со синдром на крварење во крвните садови да ја избегнуваат Џонсон и Џонсон.
Нејзините експерти испитале три случаи на синдром на капиларно крварење кај луѓе кои примиле вакцина Џонсон и Џонсон; двајца починале кратко време по вакцинирањето.
ЕМА препорачува синдромот на истекување на капиларите да се додаде на декларациите за производот како нов несакан ефект на вакцината.