Познатата манекенка позираше во многу предизвикувачка, скапа комбинација на облека
Познатата манекенка Емили Ратајковски го прослави својот 30-ти роденден на семејно патување со сопругот Себастијан Бехр-Меклард и синот Силвестер.
Имено, згодната Емили по тој повод им се пофали на своите следбеници на Инстаграм, позирајќи на плажа во портокалово здолниште и необичен градник „Версаче“.
Имено, здолништето кое го носеше на плажа чини околу 795 американски долари, додека цената на градникот, кој веќе е распродаден на страниците, е околу 3.100 долари.
– Градник на сирена – како што го нарече британскиот „Вог“, е дел од колекцијата на познатата дизајнерка Донатела Версаче, која го презеде брендот по смртта на нејзиниот брат Џани Версаче.
Но, покрај градникот, обожавателите коментираат и за стомакот на оваа убавица, која по породувањето изгледа нереално.
Да се потсетиме, обожавателите неодамна ја нападнаа Емили за начинот на кој го држеше детето додека позираше на фотографиите на Инстаграм.
– Мора да му ја држиш главата. Го држиш детето како вреќа со ориз – и напишаа.
Манекенката веднаш ја исклучи можноста за коментари на фотографијата.