Емили Ратајковски: Почувствував студени раце на странец на градите, бев понижена додека го снимав спотот

popara3 октомври, 20211min0
1600262569842-profimedia-0558150395-830x0

Емили на почетокот уживаше во снимањето на спотот, а потоа Трик се напи и почна да се однесува грубо

Еден од најплатените супермодели во Светот, Емили Ратајковски (30), во својата книга „Моето тело“ претстави серија шокантни детали што се случија, како што тврди, на снимањето на спотот за песната „Blurred Lines“.

Имено, Ратајковски откри дека за време на снимањето на спотот, музичарот Робин Трик (44) ја допрел по нејзините голи гради.

– Одеднаш, ненадејно, ги почувствував студените раце на странец на градите. Тој стоеше зад мене. Веднаш се оддалечив, а потоа го погледнав зачудено – напишала Емили во книгата што ќе излезе следниот месец.

Ратајковски беше еден од трите модели кои се појавија во спотот за песната со која Робин се стекна со светска слава. Според NewYourk Post, Емили на почетокот уживала во снимањето на видеото, а потоа Трик се напил и почнал да се однесува грубо.

– Се смееше за време на снимањето, не можеше да застане на нозе, во еден момент Дијана Мартел, режисерката на спотот, го праша дали е добро – пишува во книгата.

Емили додаде дека за време на снимањето во студиото во Лос Анџелес, се чувствувала понижена и дека избегнувала контакт со очи со музичарот.

Мартел го потврди инцидентот и рече дека се сеќава на моментот кога музичарот ја фатил манекенката за нејзините голи гради.

Застана зад неа и со рацете ја фати за градите. Веднаш почнав да му викам затоа што не разбирав што прави. Исто така, тогаш реков дека снимањето е завршено – објасни таа и додаде дека Трик бил пијан, а подоцна се извини за своите постапки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma