Емина Јаховиќ на вечера со славната Хурем! Не се знае која е поубава, а еден детал е баш впечатлив

popara30 јуни, 20211min0
eminakonzulat17062021025-830x0

Турските фанови пишуваат дека би сакале да ги гледаат заедно во некоја серија

Пејачката Емина Јаховиќ живее во Истанбул многу години и има пријатели таму, а сега со нова фотографија откри дека ја познава турската актерка Мерјем Узерли, која го играше ликот на сопругата на султанот, Хурем, во серијата „Сулејман Величествениот“.

Имено, Емина заедно со турската актерка Мерјем Узерли и друга другарка уживаа во луксузен ресторан, а овој момент го овековечија со заедничка фотографија.

Трите позираа, а судејќи според нивните насмевки, тие биле во добро расположение.

И двете беа во црно, а деталот што го „привлече“ вниманието на многумина е дека Мерјем беше без шминка, во сосема природен изглед.

Патем, познато е дека Емина пред 10 години се оствари како актерка во турската серија „Поле на лалиња“, па под овој пост имаше неколку коментари во кои фановите се прашуваа дали Емина преговара за улога во турски проект со Мерјем.

„Емина, има ли нова улога на повидок?“, „Би сакале да ги видиме Емина и Мери во турска серија!“, „Колку е убава Мерјем без шминка!“, „Прекрасни сте, дами“, се некои од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma