Стресот поради недостаток на пари може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Финансиските потешкотии делуваат подеструктивно за здравјето отколку што се сметаше.
Покрај тоа што имаат двојно поголема веројатност да доживеат срцев удар, луѓето со финансиски проблеми можат да имаат и други здравствени проблеми, покажува американско истражување од Универзитетот во Бостон.
27 проценти од луѓето кои се борат со недостаток на пари изјавиле дека имаат чир на желудник и проблеми со варењето, додека, од друга страна, само 8 проценти од оние кои не се грижат за пари имаат исти здравствени проблеми.
Дури 44 проценти од луѓето кои се под стрес поради недостаток на пари страдаат од главоболка и мигрена, а само 4 проценти од оние кои немаат финансиски грижи имаат мигрена.
Напнатост во мускулите во лумбалниот регион чувствуваат 65% од луѓето со финансиски потешкотии, а поради лошата финансиска состојба, тие често чувствуваат силна болка во овој дел од грбот или во мускулите.