Доколку често повторува слични возбудливи фрази за време на сексот, голема е веројатноста дека го возбудуваат „валкани муабети“.
Некои истражувања покажаа дека и мажите имаат навика да глумат оргазам или едноставно да излажат иако односот не им се допаѓа. Ако се прашувате дали партнерот е задоволен од вашиот сексуален живот, еве индикатор кој ќе ви каже се.
Ако често повторува слични возбудливи фрази за време на сексот, голема е веројатноста дека го возбудуваат „валкани муабети“. Разговарајте со него за тоа, можеби и тој во кревет би сакал да слуша послободни изрази, слатка дрскост и директни еротски барања.
Вашиот драг спаѓа во тивките ликови? Без грижи, дури и ако не испушта глас за време на сексот, тоа не значи дека не му е добро со вас. Сосема спротивно: ако е тивок, тогаш може полесно да го контролира и одложи оргазмот.
Не сфаќајте ја смеата како потсмев!
Ако вашето момче се смее за време на сексот, можеби е едноставно скокотлив. Можеби случајно сте го допреле на чувствително место? Едноставно следниот пат внимавајте да не ја допрете неговата чувствителна ерогена зона.
Ако вашиот партнер почне да дише многу гласно за време на сексот, можно е да се приближува до оргазам. Ако сакате да уживате уште малку, тогаш треба да го смирите и полесно да се движите.
Вашето момче во кревет умее да вика, да вреска, да стенка гласно? Тоа е многу веројатно знак дека исклучително ужива во сексот со вас, но и дека може да се опушти и да ја покаже својата животинска страна.