ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ИСХРАНАТА НА РОНАЛДО: Пие само вода, а ако се почасти со пица веднаш прави по 500 склекови

popara18 јуни, 20215min0
t5mex3dyn30xi3ox6ii5

Видеото во кое Кристијано Роналдо вади шише Кока-Кола од масата пред него на прес-конференција пред мечот меѓу Португалија и Унгарија стана вирално.

„Пијте вода“, рече славниот Португалец откако го тргна безалкохолниот пијалок настрана и зеде шише вода.
Познато е дека Роналдо не сака газирани пијалоци, особено Кока-Кола. Неговото мени вклучува само храна со највисок квалитет, а тој јаде шест помали порции во текот на денот.
Денот на Кристијано започнува со појадок, а потоа има два ручека, една закуска и две вечери. За појадок, тој обично избира шунка и посно сирење, додека руча пилешко, салати, риба и маслинки. Закуската е, во зависност од денот, овошје или тост со авокадо. Вечера е повторно месо и зеленчук и риба со зеленчук.

„Фокусиран сум на конзумирање едноставна, интегрална храна како свежо овошје и зеленчук, цели зрна и протеини“, рече тој.

Покрај газираните пијалоци, забранета е и преработена храна на неговото мени, а тој избегнува и алкохол и слатки.

Кога ќе реши да се почасти, тој ќе јаде пица, но не почесто еднаш неделно. После тоа, не заборава да направи 500 стомачни, па затоа може да се пофали само со седум проценти на телесни масти.

Роналдо многу внимава на тоа колку и кога спие. Неговата опсесија оди дотаму што за неговиот сон се грижи Ник Литлхалес, кој открива дека фудбалерот спие по 90 минути пет или шест пати на ден. На овој начин, тој спие помалку, но го забрзува закрепнувањето, објасни еднаш Литхалс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma