Кортни Кардашијан сподели неуредени фотографии на Инстаграм во костим за капење.
Кортни Кардашијан (42) се приклучи на трендот што трае веќе некое време кај познатите личности, а тоа е објавување фотографии без никакво уредување.
Риалити sвездата ги изненади милионите обожаватели на Инстаграм со слики кои покажуваат како всушност изгледа нејзиното тело во костим за капење. Можеше да се видат,мали назнаки за целулит и дека нема совршени стомачни мускули, од што не треба да се срами, особено откако роди три деца.
Но, Кардашијанката набрзо ги избриша фотографиите, што ги збуни нејзините фанови и не им беше јасно во што е проблемот.
„Не разбирам, што беше толку лошо во тоа што мораше да ги избрише фотографиите“, „Ќе разберев да и промакнала една, но сите три?“, „Зошто да ги избришеш? Изгледа феноменално”,”Ова е исто како и со Клои”,”Ајде Кортни, те видовме илјада пати како изгледаш, зошто бришеш фотографии”,”Сигурно сестрите ти ја наполниле главата, врати ги фотографиите” , „Ти беше мојот фаворит затоа што си реална, и што е ова сега? Иста си како и твоите сестри“, коментираа разочараните обожаватели.
Инаку, Кардашијан во последните месеци привлекува внимание со врската со музичарот Тревис Баркер (45), со кого папараците постојано ја фаќаат во моменти на страст во јавноста. Двојката имала долгогодишно пријателство пред да се разгори огнот.