По ова се разликува од сите членови на кралското семејство.
Меган Маркл и принцот Хари пред четири дена добија уште едно дете, девојче кое го нарекоа Лилибет, токму по името, односно прекарот на бабата на Хари, кралицата Елизабета.
Она што во моментов се дискутира во Велика Британија е како кралицата ја поднела оваа вест и дали и одговара што девојчето ќе го носи нејзиниот прекар кој и го дал, нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој всушност беше единствениот кој ја нарекувал така.
И додека многу аналитичари сметаат дека ова е понижувачко за кралицата, таа не се огласи, а Хари, наводно, веќе разговарал со неа за тоа и и рекол како ќе се вика девојчето, без да бара наводно одобрување од кралицата.
Исто така се шпекулира која титула ќе ја добие девојчето, па многумина дојдоа до заклучок дека таа би можела да ја добие титулата лејди, а ова ќе биде уште една сличност со нејзината покојна баба, Лејди Дијана, чие име го носи девојчето, нејзиното целосно името е Лилибет Дијана.
Она што е сигурно и за што се согласија многу аналитичари е дека ова девојче сигурно, како и нејзините родители, ќе ги руши бариерите и ќе смени многу протоколи поврзани со кралското семејство.
Таа е посебна по тоа што е првиот и сега единствениот член на кралското семејство кој не е роден на територијата на Велика Британија, туку во Соединетите Американски Држави.