Еве на кој начин да замислите желба за таа да се реализира: Вака функционира Законот за остварување на желбите!

2 февруари, 2021
240891_shutterstock-617488823_ls

Ќе ви ја откриеме тајната за тоа како функционира Законот за остварување на желбите: Сè што човекот добил во животот, прво го замислил во неговиот мозок!

Сите слики за кои размислуваме се материјализираат во нашите животи благодарение на Законот за остварување на желбите.

Се сеќавате на таа позната изрека: „Какви ти се мислите, таков ти е животот!“ Па, токму за тоа и зборуваме.

 Како правилно да се замисли желбата, за да се оствари?

Исполнувањето на желбата се заснова на верата. Ако верувате дека вашите желби ќе се остварат, тие ќе се остварат! Ако постои вера, тогаш се појавува енергија што ги трансформира мислите во реалност, иако не веднаш, но со текот на времето. Сè си доаѓа на свое во вистинското време. Не во своето вистинско, туку во вашето вистинско време!

Колку е покомплексна желбата, толку повеќе време е потребно за да се оствари. На Универзумот секогаш му треба време. Замислете што би се случило доколку секоја наша мисла се оствари веднаш…

Често се случува да сакаме едно, но со огромен страв замислуваме што ќе се случи ако се случи спротивното. Значи, „му даваме сила“ на овој наш страв да се оствари, а потоа се прашуваме зоштоработите тргнаа наопаку. Стравувањата и сомнежите збунуваат и мора да се ослободиме од нив!

Вие ја создавате вашата судбина!

Слободно проверете дали работи овој Закон за остварување на желбите. Силно посакајте нешто, некоја ситница и почекајте… Дајте му шанса на Универзумот. Опишете детално сè, почувствувајте ги своите емоции и сигурно ќе се изненадите кога ќе се оствари она што го посакувавте. А, тогаш – само небото е граница!

escort - Korsan taksi