Не секој е вешт со производи за шминка, и често многумина немаат време да се посветат на детална шминка, доколку им се брза на работа, состанок итн.
Но, за да успеете да се организирате за кратко време, и да изгледате природно и во исто време да не ви требаат многу вештини, мора да ги имате овие 5 производи што ќе ги нанесете во тенки слоеви, затоа одделете ги на едно место и секој пат по ист редослед повторете ја нивната примена:
- Потребен ви е ББ крем за да го изедначите тенот
- Маскара која ќе ја нанесете во еден слој за да ги истакнете трепките
- Руменило кое ќе го освежи вашиот тен
- Маскара за веѓи со која ќе ја наполните и чешлате косата
- Мелем за уста кој ќе им даде свежина на усните