Европската комисија ја одобри вакцината Фајзер за децата од 12 години

popara3 јуни, 20211min0
pfizer-biontech-fajzer-biotek-vakcina-koronavirus-2-830x0

Франција ќе започне со вакцинирање на 12-годишниците со вакцината Фајзер на 15 јуни, а Германија и Полска на 7 јуни.

Европската комисија одобри употреба на вакцини Фајзер / Бајонтек против коронавирусот кај адолесценти на возраст од 12 години, со што се отвори патот за помасовно вакцинирање во ЕУ по слични одобренија во САД и Канада, пренесува „Танјуг“.

Сепак, одлуката да се започне со вакцинирање на адолесцентите во богатите земји, додека многу делови на светот чекаат вакцини за постари и поранливи лица, предизвика загриженост во Светската здравствена организација, која ги повика богатите земји да донираат вакцини наместо да ги користат на овој начин.

Франција ќе започне со вакцинирање на 12-годишни деца со вакцината Фејзер на 15 јуни, Германија планира да ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 16 години од 7 јуни, како и Полска, која ќе ги вакцинира адолесцентите на возраст од 12 до 15 години од истиот датум.

Литванија објави дека може да започне со вакцинирање на децата од 12-та година од јуни, додека Италија одобри проширување на употребата на вакцината Фајзер-БиоНТек за деца на возраст од 12 до 15 години на 31 мај.

Естонија може да започне со вакцинирање на тинејџерите од есен, а Австрија сака да вакцинира повеќе од 340 000 деца на возраст од 12 до 15 години до крајот на август. Унгарија започна да вакцинира тинејџери на возраст од 16 до 18 години во средината на мај, додека Сан Марино на 1 јуни започна да вакцинира деца од 12 до 15 години.

Препорака за вакцинација на деца сè уште не е дадена во Македонија, но се очекува тоа да се случи во наредните месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma