Често се смета дека луѓето кои не горат лесно на сонце не треба да се грижат за крема за сончање. Сепак, тоа е подеднакво важно за секого, бидејќи штетните зраци на долг рок подеднакво влијаат на секој тип на кожа
Дали знаевте дека сте изложени на сончева светлина дури и кога не се сончате? Без разлика дали сте на пат кон работа, дали одите на кратко викенд патување или ќе седите во летна градина во центарот на градот – сонцето е секогаш тука, а со тоа и неговите штетни УВ зраци. Бидејќи кремата за сончање нема алтернатива, важно да биде во вашата торба секој ден, без оглед каде одите. Еве неколку совети како кремата за сончање да ви стане омилена во дневната рутина.
Зошто заштитата од сонцето е толку важна?
Грижата за заштита од сонце во никој случај не е нешто што треба да го правите само на летниот одмор. УВ зраците се подеднакво штетни каде и да сте, без разлика дали е лето или зима. УВА-зраците можат да навлезат и преку стаклото на прозорецот, така што сте изложени на штетни зраци додека возите до работа, но исто така и ако седите покрај прозорецот во канцеларијата.
Често се смета дека луѓето кои не горат лесно на сонце не треба да се грижат за крема за сончање. Сепак, таа е подеднакво важна за секого, бидејќи штетните зраци долгорочно влијаат подеднакво на сите типови на кожа. Тие можат да предизвикаат разни видови на болести и затоа е многу важно да се користи крем со заштитен фактор во текот на целата година.
Шминката и заштитниот фактор – победничка комбинација
Во текот на летото, особено е важно паметно да се комбинира шминката со кремите со заштитен фактор, бидејќи пудрата со заштитен фактор честопати не е доволна. Затоа е важно да се нанесе соодветна заштитна крема пред пудрата, која ќе спречи појава на црвенило или кожни болести. Водени од ова, време е кремата за сончање да стане дел од вашата дневна рутина. Не само што ќе ги спречи ефектите на штетното сончево зрачење, туку исто така ќе и обезбеди на вашата кожа потребната нега и хидратација.