Вчера вечер поминаа некое време заедно во луксузен ресторан
Анџелина Џоли и Викенд беа видени како уживаат на романтична вечера во Лос Анџелес, среде нејзината жестока битка за развод со поранешниот сопруг, актерот Бред Пит. Во четвртокот вечерта, 46-годишната Анџелина и 31-годишниот Викенд вистинското име Абел Тесфаје, беа видени како напуштаат ресторан познат меѓу славните во Санта Моника.
Иако досега не беше познато дека се познаваат, постојат некои интригантни врски меѓу нив, вклучително и пејачот кој се осврна на Анџелина во една од неговите хит-песни. „Тој е фасциниран од неа, се гледаат веќе некое време и никогаш не бил толку возбуден“, изјави извор за американските медиуми. Понатаму, поранешната девојка на Викенд, Селена Гомез, еднаш ја поврзуваа со поранешниот сопруг на Анџелина Бред уште во 2016 година.
Минатиот месец, Анџелина, наводно, била разочарана откако судот му додели заедничко старателство над децата и на Бред, и таа одлучи да се жали на одлуката. Оскаровката дели шест деца со нејзиниот поранешен сопруг Бред – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивијан. Анџелина поднесе барање за развод во 2016 година повикувајќи се на „непомирливи разлики“, а финализиран е во 2019 година.