ФЕНГ ШУИ – 3 РАБОТИ КОИ НЕ ТРЕБА ДА ГИ ИМАТЕ ВО ПРЕТСОБЈЕТО: Веднаш од влегувањето привлекувате лоша енергија во домот!

popara1 август, 20211min0
Couple,Move,To,New,House

Ходникот е многу важен простор според фенг шуи кој ја отсликува целата енергија на нашиот дом. Посебно внимание треба да се посвети на неговото уредување, бидејќи претсобјето е еден вид „портал“ за енергија што влегува и излегува од нашиот дом. Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор на кои вреди да се придржувате, но овие 3 според експертите не треба да се прекршуваат.

Еве ги работите што никогаш не треба да ги имате во претсобјето:

  1. Неред – расфрлани чевли, многу облека насекаде…

Ходникот треба да биде минималистички, со што е можно помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот ја натрупува негативната енергија и го блокира протокот на позитивна чи енергија. Расфрлани работи, бројни чевли на подот или гардероба насекаде, како и корпа за отпадоци, никогаш не треба да бидат во преден план, бидејќи привлекуваат лоши вибрации.

  1. Ѕид како блокада

Ако имате ѕид во близина на вратата во ходникот, тоа е знак за негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на блокада на енергија. Ова не мора да значи дека ѕидот треба да се сруши, но можете да користите стар трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид, оставете го да одразува слободен простор. Така, кога влегувате во просторија, веднаш го гледате одразот на просторот во огледалото, наместо самиот ѕид. Важно е да избегнете да не ја видите влезната врата во одразот на огледалото.

  1. Скршена врата

Ако влезната врата ви се скрши, крцка или тешко се отвора, важно е да ја поправите. На ниво на енергија, се верува дека проблемите со вратите го отежнуваат отворањето нови можности. Затоа, осигурајте се дека вашата врата е без пукнатини, гребнатини или блокади. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma