Фитнес инструкторката Ана Стојанова ги покажа своите несовршености – „Ова сум вистинската јас“, па најави дека е време за промена (фото)

14 октомври, 2021
ана

Ана Стојанова веќе добро и е позната на македонската јавност. Кралицата на социјалните мрежи како фитнес инструктор, модел и советник за здрава исхрана, се наметна со одлична  идеја – да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво.

Таа речиси секојдневно постира фотографии на кои ги покажува своите вежби од нејзината фитнес програма, своите идеи и размислувања, желби и остварувања…но и резултатите од нејзините вежби – односно нејзиниото згодно тело на кое може многумина да и позавидат, но и да им послужи како инспирација.

Меѓутоа, овојпат Стојанова се покажа во вистинско светло. Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која го покажа вистинското лице односно како изгледа без грам шминка и истакна дека не треба да се срамиме од недостатоците.

Инспирирана од Кике Цветче која на социјалните мрежи објави фотографија од нејзините несовршености, па Ана ги покажа нејзините neсовршености односно нејзинито лице од кое вели дека се срамела.

„Ова сум вистинската јас, а целата слика ќе биде споделена во следните објави. Лицето беше и се уште е нешто од што се срамам. Луѓето кои ме следат сфатив дека имаат некоја замислена и перфектна слика за мене, а тоа ми дополнителна несигурност и депресија“, пишува Ана и додава:

„Решив денес да го пуштам товарот кој го носам со години и да ја споделам мојата приказна со вас. Нека биде ова мојата слика за лична трансформација“; напиша Ана и објави фотографија на која го покажа вистинското лице.

Ана објасни дека ќе оди на ласерско чистење на лицето. Имено, таа прво била на разговор во еден козметички салон, но откако не била сигурна дека ќе и го решат проблемот, решението го нашла во друг салон за убавина.

„И покрај објавената фотографија, јас и понатаму се снимам со филтер, мислам дека ќе ме разберете. Ова е ново за мене и ми треба време да целосно да се ослободам од товарот. На крајот на денот на никој не му е толку грижа што е она што ти го негуваш во тебе и што те јаде, Секој од нас крие нешто и си го негува и си го носи“ вели фитнес инструкторката.

Ана потенцираше дека луѓето треба да изберат да се сакат и покрај сите несовршености. Таа објасни дека целиот процес ќе го споделува со нејзните слебеници и дека и е потребна нивната поддршка многу повеќе од кога и да било.

„Знам дека ако почнам и пак се вратам на програмите и се баталам сама себе, нема да заврши ова како треба. Затоа јавно, со вас ќе поминам низ овој процес.

Ана Стојанова освен тоа што ги мотивира своите следбеници да живеат здрав начин, да изгледаат убаво, но сега со ова објава ќе ги потикне и мотивира да не срамат од себе, од своите несоврешности и како изгледаат бидејќи некој не е совршен и идеален.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi