Етеричен, современ, сензуален … поп звук донесен од FKA twigs и The Weeknd со нова песна и спот ‘Tears in the Club’ ќе ја пуштаме цел викенд! Тешко дека можевме да замислиме подобра музичка соработка од онаа што ја донесоа младите музичари со близок музички израз и уметнички визуелен идентитет.
Синглот „Tears in the Club“ доаѓа по неодамна објавената песна „Measure of a Man“ од FKA twigs на саундтракот на „The King’s Man“, а видеото е преполно со современа кореографија и модни креации кои вклучуваат јакна на Жан Пол Готје и круната на Симон Роша.
Но, оваа музичка соработка што ќе биде „on repeat“ за нас не е единствената што доаѓа од The Weeknd, туку музичарот објави уште една, и тоа со прерано починатата музичарка Алијах. Младата R’n’B икона загина во авионска несреќа во 2001 година, а иако нејзиното дело е постхумно објавено, песната ‘Poison’ со The Weeknd е прва по 15 години.