Поп пејачката и претседател на здружението „Борка“, Биба Додева, денес слави роденден.
Биба сподели несекојдневна фотографија со која си го сама си го честита роденденот, а воедно и откри дека полни 46 години. Годините ги напиша како месеци, за фановите сами да се потрудат да пресметаат. „Петсто педесет и два месеци“, напиша пејачката.
За роденденот поетесата Ана Бунтеска на Биба и испрати роденденска честитка со песна напишана од неа самата.
„Бибо да си среќна, насмеана, љубена, и да љубиш со сето свое срце. Еден рој песни ти сакам и убавини. Среќен роденден душо моја сродна, да остариме заедно, некаде до 90 (ќе си се запознаваме секој ден, ти е гајле. Знаеш она „а ти која беше“!) . За многу години денов, бесценета да си ми“ и порача Бунтеска на Биба.
Преземено од info.mk