Некогашната македонска водителка Миа Костова долго време стагнира од малите екрани, па поактивна е на социјалните мрежи, кои вели дека ѝ носат добра заработка.
Таа често споделува и фотографии од приватниот живот, а сега ја покажа нејзината мајка.
Оливера Дилиндарски е мајката на Миа, инаку поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија.
Миа ја сними својата мајка која е вљубеник во големите и брзи мотори, како вози и се снаоѓа во густиот сообраќај низ градот.
Многумина не ѝ поверуваа дека тоа ѝ е мајка, па таа напиша: „На сите што пишавте, стварно е мајка ми, уозбилте се“.
Преземено од press24.mk