ФОТО: Мелита го покажа нејзиниот гардаробер, но сите гледаа во нешто друго
3 февруари, 2021
Поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ е активна на социјалните мрежи и често објавува куси видеа и фотографии од својот дом а сега покажа и дел од нејзинот гардаробер.
Имено Мелита на „стори“ објави неколку фотографии додека пробува дел од нејзината уникатна гардероба а во позадина се гледаат закачалку полни со фустани и сталажи на кои стојат потпетици.
Но сепак една фотографија привлече најмногу внимание. Мелита во фустан со длабоко деколте направи „селофи“ , а полните усни и бујните гради во преден план.
„Лажни луѓе,покажуваат лажна љубов кон мене“ напиша Мелита.
За кратко време следеа многу лајкови и секако комплименти во коментари.