
Традиционална венчавка во Шкотска значи дека младоженецот носи килт, карирано здолниште што е дел од нивната национална носија.

На социјалната мрежа Тикток пронајдовме видео од венчавката на две млади луѓе од Шкотска. Церемонијата беше организирана на прекрасна ливада, но тој ден беше многу ветровито.
Поради ова, младоженецот имаше проблем со килтот, кој постојано се креваше и не можеше да го чува на вистинското место, поради што се заплетка, што предизвика смеа кај попот и кај младите кои ја гледаа сцената .
