По раскинувањето со Алекс Родригез, како бомба одекна веста дека латино дивата се вратила во прегратките на нејзината стара љубов.
Смирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, по скоро две децении разделени, предизвика ентузијастички реакции кај луѓето ширум Светот.
Нивните заеднички фотографии од одморот ја обиколија планетата, а со денови никој не забележа еден важен детал.
Имено, на една од папарацо-фотографиите може да се види дека Бен носи нараквица што ја доби како подарок од Џенифер во 2002 година, за време на снимањето на спотот за песната „Jenny from the block“.
Да потсетиме, Џеј Ло неодамна ја раскина свршувачката со бејзбол играчот Алекс Родригез, по бурниот период во кој весниците пишуваа за нивното раскинување, а тие го негираа тоа, но на крајот врската заврши. Набргу потоа, пејачката беше фотографирана во друштво на познатиот актер и поранешна љубов.