Фризерот на Ким Кардашијан откри колку чинела нејзината фризура за Мет Галата

popara30 септември, 20211min0
profimedia-0632015888-790x527

На неодамнешната Мет Гала, Ким Кардашијан имаше еден од најзначајните изгледи на вечерта, каде што ја покажа инаку елегантната црна боја во сосема ново светло. Во креацијата на Баленсијага, која ја направи типичната американска маичка апсолутно нетипична, нејзиното лице (со целосна шминка!) целосно покриено со маска, Ким изгледаше како црна силуета пред камера, а високата опашка се вклопуваше во ‘all black everything’ изгледот.

На секој набљудувач му беше јасно дека опашката од скоро два метри не е природната коса на Ким, но она што може да ги изненади сите е цената на овие екстензии. Славниот фризер Крис Еплтон, одговорен за овој стил на коса, откри цена од неверојатни 10.000 долари на својот профил на Инстаграм – само за екстензии, пренесува Космо. Бројката не е конечната цена на оваа фризура бидејќи не ја вклучува работата на фризерот или производите што ги користел за да го создаде овој изглед, како што се регенератори и сјај на косата. Едно е сигурно – нема да можеме да го пресоздадеме овој изглед дома, дури и ако сакаме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma