Џенифер Лопез (51) уште еднаш покажа што значи добар стил и како треба да изгледа дама.
Таа прошета во цветен фустан со совршен крој. Овој модел е одличен ако сакате да скриете неколку вишок килограми. Овој фустан ја ласка секоја фигура и го истакнува струкот, визуелно создава фигура на песочен часовник, а тоа е она што повеќето жени сакаат да го постигнат.
Освен кројот, кој е многу популарен оваа сезона, самиот дизајн е на врвот на модната листа, велат модните експерти. Можеме да видиме цвеќиња во гардеробата секое лето, но оваа година е многу попопуларен дезен.
Доколку сакате женствени и лелеави стилови, задолжително земете фустан како оној што го носеше Џеј Ло.