Ријана со години важеше за икона на стилот, сè што носи таа веднаш ќе стане моден хит следниот ден, но ситуацијата се сменила. Во последно време нејзините стајлинзи се, во најмала рака, чудни и на работ на добар вкус.
Особено внимание предизвика фустанот во кој таа се појави пред ресторан синоќа. Пејачката прошета во друштво на своето момче A$AP Rocky во розов фустан кој откри повеќе отколку што криеше. Длабокиот шлиц и материјалот што беше проѕирен не оставија ништо на фантазијата.
Пејачката добива тежина со години, но не и е гајле за тоа. Одеше гордо во фустан што ќе изгледаше добро само за екстремно витки девојки.
Наскоро откако се појавија фотографиите, следеа бројни негативни коментари.
„Вака не се облекува ѕвезда“, „Ова е повеќе од вулгарно“, „Треба да си многу поубава за ваков фустан“, се само некои од коментарите.
Што мислите за ова издание? Дали Ријана сепак ја заслужува титулата кралица на стилот?