ГАРАНТИРААТ КУЛМИНЦИЈА: Ова се ПЕТ работи што жените ГИ ПОСАКУВААТ, но се срамат да му ги предложат на мажот

popara9 септември, 20211min0
profimedia-0161749724

Некои желби поврзани со сексот понекогаш се длабоко потиснати. Меѓутоа, за да се забавувате добро со партнерот, треба да ја оставите фантазијата да рзботи и да пробате некои новости за кои можеби никогаш не сте размислувале.

Ова се најчестите секси фантазии на жените.

Секс пред огледало

Џиновско огледало на таванот или некое помало во ходникот, не е важно – скоро и да нема човек кој барем еднаш не се запрашал како изгледа во моментот кога се препушта на страстите и ужива, а сексот пред огледало ни го овозможува токму тоа!

Секс со врзани очи

Дел од задоволството меѓу чаршафите доаѓа и од фактот дека никогаш не сме сигурни кој е следниот потег на партнерот, и ова слатко исчекување и неизвесност се загарантирани ако користите превез на очите како реквизит!

par

Улогата на домино

Помина времето на женската пасивност во кревет! Жените се активни, самоуверени и преземаат иницијатива кога сакаат, и честопати тоа значи воспоставување целосна контрола, што ја дозволува улогата на домино.

Секс во јавност

Ако побарате од жените да се сетат на нивните најдобри „забави“ кога станува збор за сексот, тие дефинитивно ќе ви кажат дека тоа е сосема спонтана ситуација. Односот на јавно место несомнено припаѓа на такви ненадејни изливи на страст, а жените најчесто фантазираат за секс на плажа, во превоз и на слични места каде што постои опасност да бидат фатени.

Секс со играчки

Иако со години се многу популарни во светот, секси играчките многу бавно влегуваат во секојдневниот живот на нашите простори. Бидејќи тие често се „sвезди“ на филмовите за возрасни, многу девојки сакаат да ги пробаат, па некои од нив не се лош избор за, да речеме, неочекуван подарок без причина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma