Откако Бил Гејтс објави дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак, неговиот приватен живот се најде во центарот на вниманието на јавноста, а посебно внимание привлече интервјуто на Гејтс во 1997 година, во кое тој откри дека поминува викенди со поранешна девојка Ен Винблад еднаш годишно.
Гејтс секоја пролет поминувал неколку дена со Ен во нејзината куќа во Оутр Бенкс, каде уживаа во прошетки на плажа и дружење. Ова го одобрувала неговата сега веќе поранешна сопруга Мелинда, изјави тој за „Тајмс“ во 1997 година. „Можам да се шалам со неа, додека во исто време зборуваме за биотехнологија“, рече тогаш Гејтс.
Тој и Ен раскинаа во 1987 година, по тригодишна врска, делумно затоа што Ен, пет години постара, тогаш беше подготвена за брак, додека Гејтс, како што откри, не бил. „Кога решив да се омажам за Мелинда, ја повикав Ен и ја прашав за благослов“, рече тој за „Тајмс“.
„Таа рече дека Мелинда ќе ми одговара затоа што има интелектуална издржливост“, додаде тој.
Ен, која сега има 70 години, од тогаш се омажи за Едвард Алекс Клајн, а куќата во која редовно престојувале таа и Гејтс сега е достапна за изнајмување.
Веста за разводот Мелинда и Бил ја објавија на нивните профили на Твитер.
„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак“, напишаа тие.
“Во текот на изминатите 27 години, одгледавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да живеат здрав и продуктивен живот. Ние продолжуваме да го споделуваме нашето верување во оваа мисија и да продолжиме да работиме заедно во фондацијата , но повеќе не веруваме дека можеме да работиме заедно во следната фаза од нашите животи “, додаваат тие.
Тие беа во брак 27 години. Се запознаа кон крајот на осумдесеттите години кога Мелинда се приклучи на компанијата Мајкрософт на Бил, а тие се венчаа во 1994 година. Тие имаа три деца, а за време на бракот станаа филантропи и ја основаа огромната фондација Бил и Мелинда Гејтс.