Генијална летна торта која не се пече, а се прави со со три сладоледа: Превкусна е и освежува, еве го рецептот!

popara6 јуни, 20211min0
o_18077880_1024

Конечно, пристигна времето за кратки ракави и сладолед, па веднаш се фрливме на подготовка на оваа едноставна торта со дури три сладоледи, печени лешници, банани и цреши. Станува збор за десерт кој не се пече, а самата подготовка е толку едноставна што дури и најмладите можат да ви помогнат да ги наредите слоевите, а на крајот, доколку сакате, да ја украсите со растопено чоколадо, карамел и овошје по ваш избор . Подготовката во чаши исто така ќе биде добра опција, пишува Добра храна.

Ќе ви требаат:

2 поголеми банани
250 мл сладолед од ванила
250 мл сладолед од чоколадо
250 мл сладолед од цреша (јагода…)
100 гр препечени лешници
200 гр путер
200 гр интегрални бисквити
5-7 лажици мед
2 грста цреши без семки
50 гр црно чоколадо

image

Подготовка:

Се топи путерот и се меша со ситно сецканите бисквити. Додадете мед во зависност од сласта што ви одговара. Кога ќе добиете хомогена смеса, раширете ја на претходно подмачкан плех. Замрзнете 10 минути. Распоредете сладолед од ванила врз бисквитите. Замрзнете 30 минути. Исечете ги бананите и наредете ги преку сладоледот. Замрзнете додека смесата не се компресира. Наредете го чоколадниот сладолед на бананите.

Замрзнете повторно 20 минути. Посипете со печени лешници. Потоа сладолед од цреша или јагода и замрзнете сè уште еднаш. Пред сервирање, посипете со грубо распарчено чоколадо и цреши, а карамелата или растопеното чоколадо добро ќе одговараат како прелив.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma