Овој спреј е ефтин и ефикасен. Не мора повеќе да фрлате пари на средства!
Професионална чистачка откри еден генијален рецепт!
Мајка на две деца и чистачка која има страница на TikTok наречена Celan Freak Cleaning Co., а ја следат повеќе од 130.000 луѓе, на видеото покажа како се прави спреј за чистење.
„Користете го за сè. Пробајте и никогаш повеќе нема да купувате производи за чистење“, вели таа, а потоа покажува како се прави тој спреј.
Состојките што ги користи за ова средствосе – чаша вода, чаша алкохолен оцет, лажица детергент за садови, три капки есенцијално масло од каранфилче. Го меша сето тоа, го истура во шише со распрскувач и спрејот е подготвен за употреба.
„Оцетот содржи оцетна киселина, која е ефикасно средство за дезинфекција и ги убива бактериите. Избелувач не сум го допрела со години. „Каранфилското масло ја отстранува мувлата, затоа е идеално за чистење на бањата“, вели таа.