ГИ ЗАБАВУВААТ БРЧКИТЕ И СТАРЕЕЊЕТО НА КОЖАТА: После 40-тите секоја жена треба да ги внесе овие намирници во својата исхрана!

popara7 октомври, 20211min0
226321_shutterstock-527367913_ls

Со возраста, кожата се влошува и ја губи еластичноста, а по 40-годишна возраст, овој процес дополнително се забрзува. Добрата вест е дека стареењето на кожата може да се забави на сосема природен начин со внесување на одредена храна.

Заборавете на скапите третмани и одењето кај естетски хирурзи, за вашето лице да биде сјајно, ќе биде доволно да го зголемите внесот на следната храна.

Тие се богати со хранливи материи, витамини и минерали кои му се потребни на телото. Покрај тоа што ќе изгледате убаво, ќе забележите дека се чувствувате подобро и имате повеќе енергија.

Брокула

Оваа многу здрава храна е една од најбогатите намирници во светот, барем кога станува збор за хранливи материи. Брокулата содржи протеини, калциум, кој е клучен за градење коски, влакна, витамини А, Ц и К, фитоестрогени и соединенија кои ги поправаат оштетувањата на мускулните ткива и органи предизвикани од стареење. Витаминот А е клучен кога станува збор за одржување на младешкиот изглед.

Лосос

Лососот е еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини, кои помагаат во намалување на холестеролот, но и го намалуваат ризикот од срцев удар, но и ја зачувуваат еластичноста на кожата. Ако јадете лосос еднаш неделно, нема да ви треба крем за подмладување. Исто така е важно поради простагландините, кои спречуваат воспаление и сушење на кожата.

Бадеми

Докажано е дека бадемите, оревите и ф’стаците се богати со еден вид антиоксиданс за кој се верува дека игра клучна улога во борбата против слободните радикали кои ја оштетуваат кожата.

Компир

Содржи огромна количина на витамин А (кој е многу погоден за вашата кожа и очи), моќни антиоксиданси и калиум, што помага да се уништат штетните ефекти на натриумот врз крвниот притисок и коските. Со други зборови, компирот е вистинска хранлива бомба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma