Ги запали социјалните мрежи: Шерон Стоун покажа фигура на која би ѝ љубомореле и најмладите колешки!

popara29 јуни, 20216min0
1489020

Актерката Шерон Стоун изгледа подобро со возраста, за тоа сите се сложуваат, и иако веќе има седумдесет години, русокосата убавица позната по улогите како фатална заводничка и денес привлекува внимание.

Според многумина, таа е една од најубавите актерки во Холивуд, а на 63 години може да се пофали со завидна фигура и младолико лице.

Sharon Stone

Шерон, која пред да стане една од најфреквентните актерки во 90-тите години, работеше како модел во познатата агенција за моделирање Форд во Њујорк, и покажа дека знае да позира на својот профил на Инстаграм во заводлива поза во жолт костим за капење додека со видлив интерес го гледаше нејзиното кутре.

Со модерна фризура пикси, која совршено и одговара и без шминка, реномираната актерка изгледаше прекрасно, а нејзиниот пост, кој беше проследен со пораката „Среќно лето“, за кратко време доби безброј лајкови.

‘Убава’, ‘Кралица’, ‘Среќно лето и на тебе Шерон’, и рекоа нејзините обожаватели.

Sharon Stone

Актерката, која беше номинирана за Оскар за улогата во филмот ‘Казино’, неодамна беше видена во ТВ сериите ‘Мозаик’ и ‘Ratched’.

Во претходното интервју, призна дека и таа се борела во минатото со прифаќањето на нејзиниот изглед.

Како што рече, и биле потребни години за целосно да се прифати себеси и своето тело, но како што старее, таа е многу посреќна и се чувствува подобро во сопствената кожа.

Sharon Stone

„Имаше моменти во четириесеттите години кога се заклучував во бањата со шише вино. Тогаш би си рекла да не излегувам додека не се прифатам целосно како што сум, со моето тело“, рече таа во интервју за германски Вог.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma