Кралското семејство беше јасно во својата одлука
Принцот Вилијам присуствуваше на откривањето на статуата на неговата покојна мајка, принцезата Дијана, без неговата сопруга Кејт и нивните три деца во четвртокот, 1 јули, иако изворите рекоа дека тој очајно сакал војвотката од Кембриџ во тоа време да биде со него. „Од почит кон принцовите, Хари и Вилијам, кралското семејство сакаше само синовите на Дијана да присуствуваат на настанот, за да избегнат голема јавна афера“, изјави извор за „Us Weekly“.
„Кејт дефинитивно го поддржуваше Вилијам додека не беше физички таму и навистина сакаше да присуствува, но семејството во целина одлучи дека е најдобро за децата и таа да остане дома“, велат упатените, додавајќи дека семејството така одлучило пред неколку недели“. Бидејќи не можеше да биде таму лично, Кејт беше дома со децата, седум годишниот принц Џорџ, шест годишната принцеза Шарлот и три годишниот принц Луис.
‘Кога и рекоа дека нема да може да присуствува на настанот, таа беше многу тажна. Во солзи го молеше Вилијам да стори сé што е во негова моќ да биде со него, но сите едногласно одлучија дека тоа не е можно“, вели изворот. Иако на Кејт не и беше дозволено да биде таму, на настанот беше дозволено да присуствуваат блиското семејство на Дијана, членови на комитетот за статуи, скулпторот Иан Ранк-Бродли и градинарскиот дизајнер Пип Морисон.