Во тужбата се наведува дека Јохансон се согласила со компанијата дека нејзиниот хонорар во голема мера ќе зависи од приходите што ги создава филмот.
Актерката Скарлет Јохансон поднесе тужба до Високиот суд во Лос Анџелес против „Дизни“ за непочитување на договорот, откако компанијата го емитуваше филмот „Црна вдовица“ на својата стриминг платформа „Дизни +“ во исто време кога започна да се прикажува во киносалите.
Во тужбата се наведува дека Јохансон се согласила со компанијата дека нејзиниот дел од хонорарот најмногу ќе зависи од приходите што ги остварува филмот.
Таа изјави дека компанијата Marvel studios, во сопственост на „Дизни“, ѝ ветила дека долгоочекуваниот филм за суперхерои ќе има „кино премиера“ и дека таа разбира дека тоа значи традиционалната временска рамка што ќе помине пред да се емитува филмот пренесува BBC.
„Црна вдовица“, филм што е своевидна Марвелова верзија на филмовите од Џејсон Борн, постави рекорд на списокот на боксофисот за периодот на пандемијата на корона вирусот, бидејќи заработи 218 милиони долари во првиот викенд на прикажување овој месец.
Според CNN, „Дизни“ изјави дека „нема причини“ да поднесе тужба, која ја оцени како „особено тажна и вознемирувачка поради негрижното занемарување на страшните и долготрајни ефекти на пандемијата на глобално ниво“.
Во соопштението се посочува дека „Дизни“ целосно го испочитува договорот со Скарлет Јохансон и проценува дека „згора на тоа, објавувањето на„ Црна вдовица “на платформата „Дизни +“ значително ги подобри шансите таа да заработи дополнителен надомест по 20 милиони долари што ги доби до сега.”