Голема радост во домот на Слаткар и Сања Николиќ – Синот Моша ги направи првите чекори

popara23 март, 20211min0
слаткар и сања
Уште откако дојде во нивниот свет, синчето на раперот Марко Слаткар и екс-мисицата и водителка Сања Николиќ, Моша, е центарот на нивниот универзум.

Иако следбениците многупати преку коментари на социјалните мрежи побараа да видат на кого личи наследникот, познатите родители не сакаат да го изложуваат неговиот идентитет пред очите на јавноста.

Но затоа кога има нешто ново во растот на Моша, тогаш гордо сакаат да се пофалат, баш како овој пат.

Имено, мама Сања на својот Инстаграм сподели наколку фотографии каде покажа дека синчето ги направило првите чекори.

За потсетување, Марко и Сања се венчаа во 2014 година, а станаа родители во 2020.

Лесни чекорчиња!

Преземено од ubavinaizdravje.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma